Турција со гол во 98. минута ги победи Американците! (ВИДЕО)

by riste
1 минути читање

Турците со гол во 98. минута ја победија селекцијата на САД со 3-2, пиров триумф кој не им значи многу, немаше голови на мечот меѓу Парагвај и Австралија.

Репрезентацијата на Турција го стартуваше Мундијалот со два порази по кој беше елиминирана пред да почне третото коло. А тогаш го одиграа најдобриот натпревар.

Селекцијата на САД веќе беше пласирана во нокаут фазата, па селекторот Покетино направи и измени во тимот.

Американците поведоа уште во третата минута со гол на Трсти, но Арда Ѓулер израмни веќе во десетата минута.

Во 31. минута Јилмаз погоди за комплетен пресврт и водство на Турција од 2-1. Тоа беше резултатот од првото полувреме.

По само четири минути игра во вториот дел, Бералтер го изедначи резултатот на 2-2.

Се чинеше дека со реми ќе заврши мечот, но во 98. минута нововлезениот Ајхан даде гол за победа на Турција од 3-2.

Во другиот натпревар од оваа група, Парагвај и Австралија одиграа без голови, 0-0.

Селекцијата на САД го освои првото место со шест бодови, Австралија и Паргвај одат понатаму со по четири, а Турција со три бода како последнопласирана заминува дома.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×