Тренерот на Баерн заспал и ги пропуштил головите на својот тим!

by
1 минути читање

72-годишниот тренер се разболел и не беше на клупата на тој натпревар, земал одмор со цел побрзо да се опорави и планирал натпеварот да го гледа на телевизија, но…

„Во петокот и во саботата се чувствував многу лошо. Во саботата си легнав во 16:45 и знаете ли кога се разбудив? Дури некоја минута по седум часот, кога веќе се играше 35. минута од натпреварот на Баерн. Совеста не ми е чиста поради тоа“, откри Хејнкес.

Тој е најстариот тренер во Бундеслигата, па не е чудно што токму него му се случило да заспие.

Хејнкес овој викенд се враќа на клупата на Баерн Минхен кој има натпревар против Волфсбруг.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани