Трајковски: Шпанија е една од најдобрите во светот, но резултатот зависи и од нас

by
1 минути читање

Во недела на „Филип Втори“ Арената, Македонија ја пречекува силната селекција на Шпанија во квалификациски натпревар за Светското првенство.

Формата на Македонија е во нагорна линија, па и покрај силата на противникот има простор за оптимизам.

„Имаме доволно време за подготовка пред квалификацискиот натпревар против Шпанија, одигравме и одличен меч со Турција, но тоа е зад нас. Подготвени сме, а одлука на селекторот е кој ќе го започне натпреварот. Сигурно е дека кој и да добие шанса ќе го даде својот максимум. Шпанија е фаворит, сигурно една од најдобрите светски репрезентации, но мораме да се потрудиме некои работи во играта да зависат и од нас. Во денешниот фудбал е многу тешко да се прогнозираат работите, бидејќи сите играат фудбал. Ќе се потрудиме да бидеме на највисоко ниво, а дали тоа ќе биде доволно за поволен резултат ќе видиме в недела доцна навечер“ – вели Трајковски.

Фото: ФФМ

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани