„Спарси“ ја
прекинаа лошата серија од четири натпревари без победа, и попладнево славеа
со високи 5-1 над Стоук.
Резултатот беше
отворен во 21. минута, Шоукрос си постигна автогол за 1-0 на Тотенхем.
Домаќините до крајот на првиот дел имаа уште неколку убави шанси, но гостите
одолеваа. Сепак, Стоук го снајде катастрофа во продолжението од средбата.
Најпрво Сон
погоди во 52. минута, за 2-0 а само 60 секунди подцона, домашниот голман
киксираше во намерата да дрибла и Кејн зголеми на 3-0.
Напаѓачот потоа
скокна високо во 65. минута за одново да ја затресе мрежата на гостите и да го
постигне голот број 50 во 2017.
Во 74. минута
пукна „петарда“ на Вембли, Ериксен го матираше голманот на Стоук за 5-0. До крајот на
средбата Шоукрос само постигна почесен гол за Стоук.
На останатите
средби од 16 часот, Барнли со 1-0 славеше над Ватфорд, Кристал Палас и Борнмут
одиграа 2-2, Хадерсфилд со 2-0 го совлада Брајтон, а важна победа од 1-0 во
битката за опстанок обезбеди Свонси во пресметката со ВБА.