Тотенхем победи но Кејн заработи незгодна повреда (ФОТО и ВИДЕО)

by
1 минути читање

Клубот од Северен Лондон по елиминацијата од Јувентус во Лигата на шампионите се рехабилитираше со триумф од 1-4 против Борнмут и ја продолжи битката за топ четири пласман.

Домаќините рано поведо преку Станислас, но Али изедначи пред крајот на првиот дел а Сон донесе водство по еден час игра. Истиот играч ги реши сите дилеми околу победникот по една контра во 87. минута, а Орие во судиското надополнување го постави конечниот резултат.

Лош вест за „Спарси“ е тоа што останаа без својот прв стрелец Хари Кејн. Напаѓачот лошо го извитка скочниот зглоб на десната нога по еден дуел со домашниот голман Асмир Беговиќ.

Маурисио Покетино потоа истакна дека големи се шансите Хари Кејн да ги оштетил лигаментите и оваа повреда е слична на онаа од минатата сезона кога Англичанецот паузираше околу два месеци.

Доколку деталните тестови ги потврдат ваквите прогнози, тоа ќе биде голем удар за амбиците на Тотенхем за топ четири пласман и нов настап во Лигата на шампионите.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани