Рекордното засилување на ПСЖ најверојатно ќе го напушти Париз во летниот преоден рок, а големи се шансите да се врати во Шпанија.
По елиминацијата од Лигата на шампионите, таткото на Нејмар кој е и негов агент имал состанок со раководството на клубот на кој станало збор за иднината на фудбалерот.
Иако се пишува и за можно враќање на Нејмар во Барселона, поизвесно е дека ако тој се врати во Шпанија ќе го облече дресот на Реал Мадрид.
„Не можам да гарантирам дека Нејмар ќе остане во ПСЖ“, изјави спортскиот директор на ПСЖ, Артеро Енрике по состанок со таткото на фудбалерот.
Нејмар и да замине од ПСЖ, францускиот клуб нема многу да жали доколку успее да ја наплати сумата која ја бара а таа изнесува 400 милиони евра.
ПСЖ и покрај огромните инвестиции во клубот не успеа да го помине осминафиналето од Лигата на шампионите со што се покажа дека не е се во парите, големите трофеи не можат да се купат.