Tинејџерот на Барселона за својот најголем успех: Тоа што на 19 години ги пензионирав родителите за мене е посебно!

by Стефан
1 минути читање

Младиот фудбалер на Барселона, Марк Бернал кој има 19 години откри дека неговите родители го забавиле работното темпо откако тој потпишал професионален договор, а токму тоа го смета за најголемиот успех во својата досегашна кариера.

Бернал за ова зборуваше во емисијата „Ел Партидазо“, а неговата изјава ја пренесе шпанска „Марка“. Фудбалерот призна дека успеал да им овозможи на родителите да се повлечат од работата, што за него претставува посебно чувство.

„Тоа е навистина посебно за мене. Ако треба да издвојам нешто големо, тоа би било пензионирањето на моите родители. Малку по малку, тие видоа дека работите одат добро и дека потпишав договор додека бев повреден. Оттогаш размислија и го намалија работното темпо. Како син, тоа е прекрасно чувство“, изјави Бернал пред водителот Хуанми Кастањо.

Во актуелната сезона Бернал има 14 настапи за Барселона во сите натпреварувања. Десет пати настапи во Ла Лига, од кои четири пати како стартер, додека во Лигата на шампионите забележа уште четири настапи. Сè уште нема постигнато гол, но има две асистенции.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×