Тиквеш промовира ново засилување, Октај Ракипи пристигна во Кавадарци

by bojan
1 минути читање

Тиквеш продолжува да го крои тимот за новата сезона, Октај Ракипи е ново засилување за кавадарчани.

Октај Ракипи ќе ја збогати ротацијата во средниот ред на тренерот Оливер Богатинов, 23 годишниот фудбалер е новото засилување на Тиквеш.

„Млад, амбициозен и технички поткован играч, Октај доаѓа во Кавадарци подготвен да даде сè за црвено-белиот дрес. Неговата енергија, работна етика и желба за напредок совршено се вклопуваат во визијата што ја градиме. Веруваме дека ова е само почеток на едно успешно заедничко поглавје“  – се вели во соопштението на клубот од Кавадарци.

Октај Ракипи пристигнува во Тиквеш од словенечкиот клуб Јесенице, а претходно во кариерата играше и за Беса, Шкендија, Гостивар и Борец.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×