103
По завршувањето на големото дерби на Манчестер, ривалите имале трето полувреме во подтрибинскиот простор на Олд Трафорд.
Главните инциденти се случувале во тунелот и во соблекувалната на Манчестер Сити, Мурињо добил шише во глава, неколку играчи си размениле удари, а помошникот на Пеп, Микел Артета се здобил и со исекотинана аркадата.
Судијата Мајкл Оливер не бил сведок на инцидентот, па ФА нема добиено извештај од него.
Но ФА побарала од Манчестер јунајтед и Манчестер Сити до среда да достават објаснување за тоа што точно се случувало по мечот.