106
Стефан Ристовски остана на клупата на Спортинг Лисабон кој забележа голем триумф на гостувањето кај Астана.
Домаќините одлично го почнаа натпреварот, поведоа со гол на Томасов уште во седмата минута и предноста ја држеа во текот на целото прво полувреме, но кога почна вториот дел работите се променија.
Спортинг за осум минути постигна три гола и го реши победниот. Фернандеш во 48. минута ја отвори серијата голови, Мартинс две минути подоцна погоди за комплетен пресврт, а точка на мечот стави Доумбиа во 56. минута.