125
Спортинг Лисабон ја
оправда фаворитската улога и славеше на гостувањето кај Астана со 1-3 во првиот
дуел помеѓу овие две екипи во нокаут фазата, по што португалскиот тим со една
нога е во осминафиналето од Лига Европа.
Нашиот Стефан Ристовски
мечот во Казахстан го проследи од клупата за резервни фудбалери и недоби
прилика за настап, а неговиот соиграч Маркос Акуња според многумина го имаше
најдобриот потег од вчерашните натпревари во Лига Европа.
Аргентинецот при 1-1
умешно се снајде по левата страна, а потоа имаше перфектно додавање во
асистенцијата до Желсон Мартинс кој погоди за 1-2 и најави победа за
гостинскиот табор.
class="twitter-video" data-lang="en">