Македонија денеска отпатува за Луцерн каде што утре ја очекува натпреварот против Швајцарија кој е последен од овој репрезентативен прозорец и во кој ќе го бараме првиот позитивен резултат.
Македонија ги загуби сите три досегашни дуели, со Швајцарија дома, потоа со Словенија на гости и Шкотска дома. Во овие дуели не постигнавме ниту гол, а репрезентацијата уште чека и на првиот гол под водство на селекторот Гоце Седлоски кој е на клупата седум натпревари.
Швајцарија во Скопје победи со 3-0 во натпревар во кој ние речиси и да не направивме ништо, па нема дилеми дека и утре ќе ја има фаворитската улога.
Дуелот е закажан за во стандардниот термин од 20:45 часот.
Заедно со останатите репрезентативци е и Езѓан Алиоски кој ги пропушти претходните дуели поради повреда, иако Седлоски пред дуелот со Шкотска најави дека е подготвен, сепак остана надвор од составот и за таа средба.

