Ливерпул под водство на новиот тренер Арен Слот (46) ја освои титулата во Премиер лигата.
Холандскиот стратег минатата година ја презеде екипата по заминувањето на Јирген Клоп (57) и многумина се сомневаа дека може достојно да го замени славниот Германец, но на крајот се покажа како идеално решение.
Слот ја обезбеди титулата четири кола пред крајот на сезоната, со убедлива победа над Тотнем од 5:1 на „Енфилд“. Иако веќе водеше 52 натпревари на клупата на Ливерпул (38 победи, 7 ремија и 7 порази) и добро им беше познат на фудбалските фанови, дел од навивачите на Ливерпул на социјалните мрежи сега се изненадени од неговото вистинско име.
Имено, целосното име на Слот е Аренд Мартејн Слот. Името Аренд, што на холандски значи „орел“, ретко се користи во неговата родна земја, а прекарот Арне го наследил од својот татко, кој се викал така.
„Не знам дали ова некогаш ќе го прифатам“, „Она чувство кога ќе откриеш дека неговото име всушност не е Арне“, „Морам да седнам откако го дознав ова“, „Ова е како кога дознав дека Хозе е вистинското име на Пепе Реина“,…се само дел од коментарите на социјалните мрежи.
Фото: Liverpool F.C/FB