Скапа инвестиција, секој натпревар на Бејл чини 1 милион евра, секој гол 2,3 милиони евра! (ФОТО)

by
1 минути читање

Се верува дека
Герет Бејл е на крајот на својата авантура на „Сантијаго Бернабеу“ и по шест години
престој во Мадрид, летоска ќе ја промени средината.

Па весникот „АС“
реши да направи анализа за исплатливоста на трансферот на Велшанецот. Тој
пристигна во Реал во 2013 за 101 милион евра, а на оваа сума треба да се
придодаде и платата. Се верува дека во првите три години неговата годишна бруто
плата изнесувала 18 милиони евра, а откако му бил обновен договорот, се зголемила на 27 милиони евра.

Па кога ќе се
собере трансфер сумата (101 милион) и сумата за плати (135 милиони), се стигнува до бројката од 236 милиони
евра.

Герет Бејл за
Реал Мадрид има одиграно 225 натпревари, што значи дека го чини клубот над 1
милион евра за секој меч. Тој има постигнато 102 гола, и доколку се прави
анализа од овој аспект, секој погодок чини 2,3 милиони евра.

Неговата прва
сезона на „Бернабеу“ беше најпродуктивна кога одигра 44 меча и постигна 22
гола. Најлоша му беше сезоната 16/17, кога поради честите повреди одигра само
27 натпревари и реализираше скромни 9 погодока.


Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани