Скалони: Меси премногу ја сака Аргентина, не го интересираат рекорди

by riste
0 минути читање

Селекторот на Аргентина, Лионел Скалони, ја пофали несебичноста на Лионел Меси и кажа еден пример кој оди во полза на аргентинската ѕвезда.

Меси игра фантастично Светско првенство, во групната фаза даде дури шест голови.

„Меси можеше да игра цел натпревар во третото коло и уште толку да си ја подобри статистиката, но тој одбра да им даде простор на своите соиграчи“, вели Скалони.

„Тој не мисли на рекордите за кои луѓето зборуваат, тоа кажува колку му значи Аргентина“.

Аргентинците имаат најлесен пат до полуфиналето од сите фаворити, а првата пречка во нокаут фазата им се Зеленортските Острови.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×