107
Избраниците на
Пеп Гвардиола сигурно чекорат кон насловот шампион на Англија, Манчестер Сити
вечерва имаше нова одлично издание и славеше на незгодното гостување на Бет365
Стадионот.
Со двата гола на
Давид Силва, „Граѓаните“ триумфираа над Стоук и сега се на две победи до
титулата во Премиерлигата.
Резултатот беше
отворен во 10. минута, Стерлинг асистираше а Давид Силва од 11 метри биеше
неодбранливо за 0-1.
Шпанецот потоа ги
реши сите дилеми околу победникот на стартот од вториот дел. По една одлична
акција, Давид Силва рутински ја смести топката покрај Батланд за 0-2 и нови три
бода.