Манчестер Сити со 5-3 го победи Сандерленд во возбудлив натпревар, Ливерпул со 1-0 славеше на гостувањето кај Борнмут и ја забележа втората победа во Премиер лигата оваа сезона.
Резултатот во Манчестер го отвори Енцо Фернандез со супер гол уште во деветата минута, но само три минути подоцна Броби израмни на 1-1.
Во 29. минута Черки ја врати предноста на Сити, но поминаа само четири минути, Броби постигна нов гол, овојпат за 2-2.
Пред крајот на првото полувреме Семењо реализираше за 3-2. Сити со предност отиде на полувремето.
Во 57. минута Семењо даде уште еден гол за 4-2, но две минути потоа Броби го даде својот трет гол на мечот и го врати Сандерленд во игра, беше 4-3.
Дилемите околу победникот ги реши Халанд кој постигна гол во 81. минута од натпреварот поставувајќи ги конечните 5-3.
Ливерпул со гол на Исак во 57. минута дојде до победа од 1-0 од гостувањето кај Борнмут.
Немаше голови на мечот меѓу Лидс и Кристал Палас.