Поранешниот фудбалер Вампета излезе со шокантни тврдење за Рафиња, вели дека фудбалерот на Барселона се моли да потпише со клуб од Саудиска Арабија бидејќи има сериозни семејни и финансиски проблеми.
Изминатиов период имаше доста шпекулации за иднината на Рафиња, се говореше дека Ал Хилал повторно тропнал на вратата на офанзивниот фудбалер, кој не го одбил предлогот и оставил простор за трансфер, односно побарал преговорите да бидат одложени за по крајот на Светското првенство, во овој момент целиот фокус сака да му биде насочен кон „кариоките“.
Поранешниот фудбалер Вампета сега излезе со шоканти тврдења за својот сонародник, кои наводно ги добил од добро упатен извор.
„Рафиња се соочува со сериозни семејни и финансиски проблеми. Се моли дека ќе успее да потпише за Ал Хилал, бидејќи минува низ многу тежок период во животот. Верува дека еден ваков трансфер би можел да му помогне да ја промени ситуацијата и да ги среди работите“ – вели Вампета.
Останува да се види колку има вистина во ваквите информации.