Медиумите од Бразил пренесуваат дека по крајот на мундијалот во САД, Рафиња ќе седне на преговори со Ал Хилал и постои можност кариерата да ја продолжи во Саудиска Арабија.
Во последните две сезони, Рафиња се наметна како клучен играч на Барселона, но Ханси Флик и „каталонците“ можат да останат без Бразилецот.
Ал Хилал повторно тропнал на вратата на офанзивниот фудбалер, кој не го одбил предлогот и оставил простор за трансфер.
Но Рафиња побарал преговорите да бидат одложени за по крајот на Светското првенство, во овој момент целиот фокус сака да му биде насочен кон „кариоките“.
Кога ќе заврши мундијалот во САД, тој ќе слушне што има да понуди клубот од Саудиска Арабија, се шпекулира дека на маса ќе биде ставен договор тежок околу 170 милиони евра.