Групата Х доби неочекуван расплет, Уругвај си ги пакува куферите откако загуби 0-1 од Шпанија, а Зелено’ртски острови се изборија за 1/16 финале со реми против Саудиска Арабија, и како награда добија дуел против актуелниот шампион Аргентина.
Продолжува бајката на Зелено’ртски острови, откако направи неверојатен успех и историски пласман на Светско првенство, во САД успеа да остане непоразена, и во група со великани како Шпанија и Уругвај, да се избори за второ место и пламсман во 1/16 финале.
Утрово, момците на Педро Леитао Брито одиграа 0-0 против Саудиска Арабија во Хјустон, а помош добија и од Шпанија, која со 0-1 го совлада Уругвај.
На мечот во Запопан, клучниот момент се случи во финишот на првото полувреме, кога голманот Муслера реагираше неспретно и дозволи шутот на Баена да заврши зад неговиот грб.
Со оваа победа, „црвената фурија“ го потврди првото место во групата Х, и во следната рунда ќе се соочи со Австрија или Алжир.
Зелено’ртски острови пак како награда за својата борбеност ќе добијат прилика да играат против Лео Меси, и актуелниот шампион Аргентина.