„Сините“ сакаат да го реновираат Стемфорд Бриџ и да изградат нов модерн стадион со капацитет од 60.000 гледачи. Сепак, целиот проект беше ставен на стенд-бај откако едно семејство се противеше на изградбата.
Семејството Кроствејт во мај 2017 поднесе преставка пред суд и се пожали дека новиот стадион ќе го остави без дневна светлина нивниот дом. Роман Абрамович се понуди вонсудски да го реши спорот и да ги обесштети со 1 милион фунти, но пензионираниот банкар Николас и неговата сопруга Лусинда побараа дури 20 милиони фунти.
Сепак, во јануари, советот на Хамерсмит и Фулам донесе одлука со која беше спречена оваа преставка, па семејството Кроствејт и Челси сега си подадоа рака. Детали од договорот не се откриваат но се говори дека Николас и Лусинда ќе станат милионери во замена за живот под сенката на Стемфорд Бриџ.
Новиот дом на Челси треба да биде готов за почетокот на сезоната 2023/24.