Суарез наброја седум работи кои мора да се поклопат за Уругвај да ја победи Шпанија

by 24 фудбал
1 минути читање

Легендарниот уругвајски напаѓач Луис Суарез смета дека неговата репрезентација ќе мора да биде на највисоко можно ниво ако сака да ја совлада Шпанија во последното коло од групната фаза на Светското првенство.

Според Суарез, Уругвај мора да одигра речиси без грешка и да ги запре најопасните шпански фудбалери, пред сè Ламин Јамал, Педри, Дани Олмо и Родри, а истовремено да биде цврст во одбраната и максимално ефикасен во транзицијата.

Фудбалски гледано, мораме да одиграме совршен натпревар. Совршен, совршен, совршен. Треба да спречиме Ламин Јамал да има свој ден, Педри да не доминира, Дани Олмо да не добива топки меѓу линиите, а Родри да не останува сам. Мораме да бидеме цврсти и ефикасни во транзицијата, тоа отсекогаш било наш заштитен знак. Уругвајците се навикнати на вакви натпревари и низ историјата многупати сме елиминирале големи репрезентации. Оваа генерација има одлична можност да се прослави со победа над Шпанија на Светско првенство“, изјави Суарез.

Поранешниот голгетер на Барселона имаше пофални зборови и за Ламин Јамал, за кого смета дека од натпревар во натпревар игра сè подобро и одлично се справува со притисокот. Сепак, не сакаше директно да го споредува со Лионел Меси.

Тие се различни играчи. Имаат иста лева нога и огромен квалитет, но се сосема поинакви. Се надевам дека Ламин ќе достигне барем до нивото на Меси“, порача Суарез.

Натпреварот меѓу Уругвај и Шпанија се игра вечерва во терминот од 02:00 часот.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×