174
Барса имаше добро загревање за тоа што ги очекува во среда кога на Камп Ноу го пречекуваат Челси во реванш осминафиналниот натпревар од Лигата на шампионите.
Резултатот во Малага беше отворен уште во 15. минута кога по асистенција од Алба, Суарез погоди со глава за водство на Барселона од 1-0.
Веќе во 28. минута беше постигнат конечниот резултатот кога Дембеле додаде до Кутињо а тој постигна гол за 2-0.
Две минути подоцна проблемите на Малага се зголемија откако Гарсија доби директен црвен картон. Но иако Барселона цели 60 минути играше со фудбалер повеќе, резултатот остана непроменет.
Барселона има цели 11 бода пред Атлетико Мадрид кој утре против Селта го игра својот натпревар од 28. коло.