Лука Модриќ најверојатно го одигра последниот натпревар во дресот на Хрватска. По елиминацијата од Португалија во шеснаестинафиналето на Светското првенство, легендарниот играч за врска не можеше да ги сокрие емоциите и со солзи го напушти теренот.
По последниот судиски свиреж, меѓу првите кои му пријдоа беше неговиот поранешен соиграч од Реал Мадрид, Кристијано Роналдо. Двајцата се прегрнаа, а Португалецот по натпреварот откри што му порачал на Модриќ.
„Играв со Модриќ многу години. Прекрасно е да се види дека уште игра на највисоко ниво. Му посакав сѐ најдобро во понатамошниот дел од кариерата“, изјави Роналдо.
Модриќ и Роналдо делеа соблекувална во Реал Мадрид од 2012 до 2018 година, период во кој заедно освоија четири трофеи во Лигата на шампионите и испишаа една од најуспешните ери во историјата на клубот.
Ronaldo and Luka Modric after the game.❤️ pic.twitter.com/1Rxnm6LDNE
— Chiesa🇵🇹 (@Hazariio) July 3, 2026