775
Eкипите на Вулверхемптон и Евертон ремизираа 1-1 во последниот натпревар од денешната програма во Премиер лигата.
Евертон сега има 33 бода , а за нив ова беше трето реми во низа. „Карамелите“ се наоѓаат на 14-то место табелата, додека Вулвс со 23 се 17-ти.
Харисон ги доведе гостите во водство со голот во 33 минута, додека за израмнување се погрижи Мунетси само седум минути подоцна.
До крајот видовме по некоја прилика на двете страни, но резултатот не се промени.