Реми на Олимпико, Рома и Интер продолжуваат со исти бодови! (ВИДЕО)

by riste
1 минути читање

Дуелот на двете непоразени екипи во Серија А, Рома и Интер заврши нерешено, 2-2. По едно полувреме им припадна и на двете екипи.

Рома беше подобра во првиот дел, поведе уште во шестата минута со гол на Коне, истиот фудбалер во 37. минута зголеми на 2-0. Тоа беше резултатот од првото полувреме.

По само неколку секунди игра во второто полувреме Лаутаро Мартинез намали на 1-2 и го врати Интер во живот. Аргентинецот постигна гол и во 79. минута за конечни 2-2.

Дербито понуди и шанси на двете страни, двете екипи можеа да дојдат до трите бода, но се чини дека ремито е најреален резултат.

Пред овој меч се одиграа две средби во Серија А, Болоња и Торино ги поделија бодовите играјќи 1-1, Каљари со 1-0 славеше на гостувањето кај Удинезе.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×