Реал се подготвува за лето за паметење, со 350 милиони носи две ѕвезди?!

by bojan
1 минути читање

Како што пренесува Марка, Реал Мадрид ова лето сака да се врати на голема врата на трансфер пазарот, „кралевите“ работат на ангажман на Мајкл Олисе од Баерн Минхен и Енцо Фернандез од Челси.

Флорентино Перез ова лето планира да троши како никогаш претходно, Реал Мадрид ќе го собори сопствениот рекорд доколку претседателот успее во намерата да донесе две ѕвезди на „Бернабеу“.

„Кралевите“ веќе ги потврдија трансферите на Марк Кукуреља, Ибрахима Конате и Бернардо Силва, се очекува наскоро да пристигне потврда и за Дензел Дамфрис, но највозбудливото допрва доаѓа.

Како што пренесува Марка, Флорентино Перез не се откажува од идејата за „галактико“ засилување и ангажман на Мајкл Олисе.

Веќе е остварен контакт со агентите на Французинот, и откако ќе бидат испеглани деталите, Реал Мадрид ќе тропне на вратата на Баерн Минхен.

Се најавува понуда од дури 200 милиони евра, која може да се искачи и до 220 милиони, речиси на нивото на историскиот трансфер на Нејмар. „Баварците“ во неколку наврати порачаа дека играчот не е на продажба, но многу работи ќе зависат и од самиот Мајкл Олисе, доколку тој реши дека сака во Мадрид, многу веројатно тоа и ќе се случи.

„Кралевите“ исто така работат и на ангажман на Енцо Фернандез од Челси, кој е идентификуван од Жозе Мурињо како идеално засилување за средниот ред.

За ангажман на Аргентинецот ќе бидат потребни најмалку 120 милиони евра, веројатно и нешто повеќе.

Па доколку бидат потрошени 350 милиони евра на овие две ѕвездени засилувања, ќе мора и некој да биде продаден за да се балансираат сметките.

Жртва ќе се прави во средниот ред, каде први на излезна врата се тепачите Феде Валверде и Орелиан Чуамни, еден од нив сигурно ќе биде продаден доколку пристигнат Мајкл Олисе и Енцо Фернандез.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×