Реал Мадрид ги постави критериумите за нов тренер

by riste
1 минути читање

Реал Мадрид е во потрага по тренер за наредната сезона, Алваро Арбелоа нема да продолжи бидејќи не го исполни ултиматумот да освои барем еден трофеј.

Кралскиот клуб ќе заврши втора сезона по ред без освоен трофеј, а тоа го вклучи алармот.

По заминувањето на Анчелоти, Реал Мадрид се обиде со неискусни тренери кои имаат висок потенцијал, но Чаби Алонсо не успеа да ја менаџира соблекувалната и доби отказ кога дел од играчите му го свртеа грбот.

Арбелоа не успеа да се носи со Барселона во Ла Лига, а испадна и од Лигата на шампионите каде изгуби од Баерн.

Шпанските медиуми пренесуваат дека Реал Мадрид пак ќе се сврти кон искусен тренер кој е победник, клубот поставил критериуми за нов тренер.

  • Да биде искусен на елитно клупско ниво
  • Да биде шампион и победник
  • Некој кој ќе има почит од соблекувалната поради неговото минато

Такви во овој момент кои би можеле да бидат во комбинација се Жозе Мурињо и Јирген Клоп.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×