Уште една сторија која потврдува дека Нејмар нема еднаков третман како и останатите фудбалери во ПСЖ. Се пишуваше дека Бразилецот не сака да игра на малите натпревари, а сегашната ситуација се поклопува со тие написи.
„Тој ми се јави во саботата наутро и ми рече дека имал важна работа во неговата фамилија и праша дали клубот и јас би го пуштиле во Бразил. Тоа било важно за него“, потврди тренерот Унаи Емери.
Според социјалните мрежи, Нејмар во Бразил бил на фамилијарен роденден на неговиот пријател Гилерме.Таткото на Гилерме Реиналдо Пита му се заблагодари јавно на Нејмар преку инстаграм: „Благодарам за посетата, се уште си истото момче, затоа си сакан, благодарам Нејмар, голем подарок за мене е тоа што дојде на мојата забава“.
Престојот во Бразил, Нејмар го искористил и да отиде на забар, па и од таму излезе фотографија на социјалните мрежи.
Информациите велат дека Нејмар не е среќен во Париз и сака да замине од Франција, како негова можна дестинација се споменува Реал Мадрид.