Маркус Рашфорд е херојот на Манчестер јунајтед, тој ги постигна двата гола за црвените ѓаволи кои значеа триумф над големиот ривал Ливерпул.
Резултатот беше отворен во 14. минута кога со прекрасен потег Рашфорд го исфрли Арнолд и со силен шут ја смести топката во мрежата на Кариус.
Само десет минути подоцна нов гол на Рашфорд, овој пат топката дојде до него, а тој знаеше како повторно да ја смести во мрежата на Ливерпул за водство од 2-0.
Ливерпул играше офанзивно, но не успеваше да создаде сериозна шанса за гол, постигнаа погодок со автогол на Баи во 66. минута, се вратија во живот, но не успеаја да избегнат и пораз.
Ова беше и меч за втората позиција, на табелата Манчестер јунајтед сега има пет бода предност пред Ливерпул кој може да го загуби и третото место доколку Тотнем победи на гостувањето кај Борнмут.