Рамос му се спротиставил на Перез: Модриќ не смее да си замине од Реал Мадрид

by
1 минути читање

Се погласни се
шпекулациите дека францускиот стратег од клупата на Реал Мадрид, Зинедин Зидан
ќе прави големи промени во тимот, а како дел од неговите промени се споменува и
Лука Модриќ, кој на крајот од сезоната би можел да замине во Јувентус или
Интер.

Според информациите кои
ги пренесува „Диарио гол“, капитенот на Реал Мадрид, Серхио Рамос лично од Модриќ добил информација дека Хрватот ќе си замине, а веднаш потоа се
спротиставил на оваа идеја.

Рамос му порачал и на
претседателот на клубот, Флорентино Перез дека не смее да
дозволи продажба на Хрватот.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани