Рајола го брани Верати и обвинува: Роналдо сакаше да го удри Алвеш па ништо!

by
1 минути читање

Италијанецот беше исклучен откако заработи два жолти картони, Марко Верати најпрво влезе во бележникот за опасен старт а потоа и зошто претера со протестите.

Црвениот картон практично значеше дека ПСЖ ги губи сите шанси за анулирање на предноста на Реал Мадрид.

Мино Рајола го прокоментира исклучувањето на Марко Верати, застана во одбрана на својот клиент и истакна дека Кристијано Роналдо не добил никаква опомена и покрај тоа што дури се обидел да го удри Дани Алвеш.

„Можеби Верати претера со протестите, но неговата реакција беше само обична фрустрација на играч кој сакаше да стори се што може за да му помогне на својот тим“ – вели контроверзниот агент.

„Исто така, Кристијано Роналдо во неколку наврати протестираше на несоодветен начин но судијата му прогледа низ прсти. Дури сакаше и да го удри Дани Алвеш, па ништо, не доби жолт картон“. 

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани