Отворени постапки против Вардар и Брегалница, казна за член на Шкендија Арачиново

by Стефан
1 минути читање

Дисциплинската комисија при Фудбалската федерација на Македонија на денешната седница донесе неколку одлуки поврзани со случувањата на натпреварите од Првата фудбалска лига.

Вардар се соочи со дисциплинска постапка поради пропусти во организацијата на дуелот со Шкендија Арачиново 77. Причината е присуството на поголем број лица од дозволениот во ВИП-ложата.

Шестмесечна суспензија доби комет администраторот на Шкендија Арачиново 77, Исуф Бајрами. Тој е санкциониран поради неспортско, понижувачко и вулгарно однесување, како и вербален напад кон судиската екипа за време на натпреварот со Вардар.

Дисциплинската комисија отвори постапка и против Брегалница од Штип. Штипскиот клуб е под лупа поради употреба на пиротехнички средства на натпреварот против Скопје.

Кога се во прашање фудбалерите, Муслими Мухарем од Арсими ќе мора да паузира еден натпревар. Причината е црвениот картон што го заработи на минатиот викенд.

Најтешка суспензија меѓу играчите доби Дамјан Масевски од Охрид. Тој е казнет со четири натпревари неиграње.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×