Тренерот на Реал Мадрид, Жозе Мурињо вели дека фудбалот не е само работа, туку е начин на живот и потребни се многу жртвувања за да се стане врвен фудбалер.
„Специјалниот“ беше гостин на Јевен Кражан во емисијата „ Bet it drive show“, и возејќи се по улиците во Мадрид отворено говореше за многу теми.
За еден од своите методи, тој вели: „Не ме предавај и јас секогаш ќе бидам тука за тебе!. Кога велам „не ме предавај“, секако мислам на фудбалот. Не ме предавај и јас секогаш ќе бидам тука за тебе, без разлика на се“.
„Ти си фудбалер 24 часа на ден. Да, тренираш два или три часа, но ти си фудбалер 24 часа на ден. Се влијае врз твојата работа: што јадеш кога не си во клубот, што пиеш, како спиеш, па дури и приватниот живот“.
„За жал, фудбалерот не може да скија или да вози велосипед. Некои го прават тоа зад грбот на клубот… Но мене не ми е важно што пишува во договорот. Мене ми е важно каков однос имаш кон својата работа. Ако паднеш од велосипед, можеш да пропушти три натпревари. А може да биде и многу полошо, да скршиш нога или да заработиш друга посериозна повреда и нема да можеш да играш на највисоко ниво“.
„Млад си, имаш 22 или 23 години, сингл си, имаш пријатели кои излегуваат во ноќни клубови во среда, четврток и петок, но ти не можеш. Можеш да излезеш само вечерта по натпревар, и тоа под услов да немаш друг натпревар три дена подоцна, што често се случува“.
Жозе Мурињо признава дека морате да се откажете од многу работи за да станете фудбалер и додава: „Но кариерата е кратка. Кога ќе наполните 35 години, пред вас има уште многу време за да уживате во животот на друг начин“.
„Во суштина, фудбалот не е работа, туку начин на живот. Ако го гледате како хоби, завршивте! Ако се сметате за фудбалер само неколку часа дневно, никогаш нема да стигнете до врвот. На крајот, тоа е начин на живот“.
„Неодамна гледав документарец за Рафа Надал. Да, тој не е фудбалер, но беше врвен спортист. Импресивно е колку работи жртвувал и од што се се откажал за да ја изгради својата кариера“.
„На крајот, секогаш постои врска меѓу она што го постигнувате и она што сте подготвени да го дадете за да стигнете до таму“.