Грција во судиското продолжение ја победи Србија (ВИДЕО)

by riste
1 минути читање

Дуелот на нашите соседи заврши со победа на Грција од 2-1, Србите водеа, но на крајот загубија, Гакпо во судиското продолжение донесе реми за Холандија против Германија..

Србија уште во четвртата минута од натпреварот поведе против Грција со гол на Живковиќ.

Но, оваа генерација на Грција има многу квалитет, па како се одвиваше натпреварот, само прашање на време беше кога ќе погодат.

Тоа се случи во 74. минута кога фудбалерот на Арсенал, Цолис реализираше за 1-1.

Се чинеше дека со тој резултат ќе заврши мечот, но во 95. минута по асистенција на Цимикас, Довикас даде гол за комплетен пресврт и победа од 2-1.

Чави Хернандез дебитираше на селекторската позиција на Холандија, а спорти него го имаше Јирген Клоп кој исто така по првпат ја водеше Германија.

Холанѓаните први се израдуваа на погодок, но голот на Ван Дајк постигнат во 12. минута беше поништен поради прекршок.

Германија поведе со гол на Нмека во 32. минута. Со тој резултат заврши првото полувреме.

Се чинеше дека така и ќе заврши мечот, но Гакпо даде гол во 92. минута за конечни 1-1.

Победа од 1-0 забележа Португалија над Велс. Голот беше дело на Жоао Феликс во 22. минута.

Норвешка со 3-2 ја совлада Данска во скандинавското дерби.

Халанд постигна два од трите гола на Норвежаните, еден даде Боб. За Данците Дамсгард и Хојлунд погодија.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×