ПСЖ е вториот финалист во Лигата на шампиони, „светците“ вечерва одиграа 1-1 на гостувањето кај Баерн Минхен и закажаа пресметка против Арсенал.
ПСЖ ќе го брани трофејот во најелитното европско натпреварување, момците на Луис Енрике ќе се сретнат против Арсенал на 30. мај во Будимпешта.
По спектакуларниот натпревар во Париз пред една недела, вечерва немаше толку многу возбудувања, „светците“ со одлична игра во одбраната го неутрализираа противникот и на крајот заслужено се радуваат на прогрес во финалето.
Резултатот беше отворен веќе во 3. минута, Кварацхелија му асистираше на Дембеле за 0-1.
Најголемиот дел од фудбалските љубители веднаш помислија дкеа ќе бидеме сведоци на нова голеада, но мрежите потоа мируваа практично до последниот свиреж.
Баерн Минхен не успеа да се наметне, Мануел Нојер со неколку одлични интервенции го чуваше својот тим за водство, и кога се чинеше дека прв пат оваа сезона „баварците“ нема да постигнат гол, Кејн во 94. минута донесе 1-1.
Но имаше премалку време за чудо, судијата остави да се игра и некоја секунда плус, но Баерн не доби нова прилика да ја затресе мрежата на Сафонов, па ПСЖ можеше да почне со славјето.