ПСЖ и Јувентус подготвуваат трампа

by bojan
1 минути читање

„Светците“ и „старата дама“ би можеле да разменат играчи ова лето, Рандал Коло Муани да пристигне во Торино, додека пак Кефрен Турам да се пресели во Париз.

Јувентус сака да го засили нападот ова лето, и една од желбите е Рандал Коло Муани од ПСЖ.

„Старата дама“ начелно се договори со напаѓачот, но не може да најде заеднички јазик со „светците“, понудата е 30-35 милиони евра, додека цената на голгетерот е поставена на 40  милиони евра.

Но како што пренесуваат медиумите од Италија, може да се најде компромис откако ПСЖ изразил желба да го ангажира Кефран Турам.

Јувентус е во преговори со Леон Горецка да го донесе без обештетување, па е отворен за идејата да го продаде Кефран Турам.

И самиот играч е наклонет кон преселба во Париз и во моментов му дава предност на ПСЖ пред понудите од Премиерлигата.

„Бјанконерите“ бараат околу 40 милиони евра за услугите на Кефран Турам, па лесно може да се случи тој да биде разменет за Рандал Коло Муани.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×