Промашен пенал, ВАР, поништен гол и победа на Милан (ВИДЕО)

by
1 минути читање

Милан продолжи да
се искачува на табелата откако вечера во минимални 1-0 славеше над Сампдорија.

Натпреварот почна
со пенал за домаќините кој Родригез не успеа да го реализира, но Милан набрзо
дојде во водство откако Бонавентура погоди за 1-0 во 13. минута.

Гостите потоа
бараа најстрога казна за играње со рака на Калабрија, но судијата не се реши одново да покаже на белата точка, а
ВАР беше повикан и кон финишот на првото полувреме кога Бонучи погоди за 2-0 но
голот беше поништен поради офсајд.

Во продолжението
Чалханоглу ја погоди пречката, а се закани и со уште една бомба од врвот на
шеснаесетникот.

Сампдорија не
успеваше посериозно да се закани, но гостите имаа добра шанса во судиското надоплнување, сепак Карпари пропушти изгледна прилика да донесе реми.


Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани