Интер следната
година го слави 110. роденден, па клубот од Џузепе Меаца по овој повод
раскажува 110 приказни.
Денешната сторија
е прилично интересна и се работи за клетвата која браќата Хинтерман ја фрлиле
кон Милан.
Интер е основан
во 1908 откако група играчи со потекло од Италија и Швајцарија се одвоиле од
Милан поради несогласување околку трансфер политиката, односно одбивањето на
„Росонерите“ да ангажираат странци.
Помеѓу
петнаесетмината бунтовници биле и браќата Карло, Артуро и Енрико Хинтерман, за
кои легендата вели дека го проколнале Милан, и порачале дека додека тие се
живи, „Росонерите“ нема да освојат Скудето.
По основањето во
1899, Милан бил шампион на Италија во 1901, 1906 и 1907 година, а за ново
Скудето се чекало дури 44 години односно до јули 1951. Според сторијата на
Интер, последниот од браќата Хинтерман починал една недела претходно.
Во светот на
фудбалот има неколку вакви приказни, секако најпозната е келтвата која Бела
Гутман ја фрлил врз Бенфика.
Тренерот од
Унгарија побарал покачување на платата откако на Бенфика во два наврати и го донел
трофејот од Купот на Шампиони на Европа. Но наместо повисока плата тој добил
отказ, па на заминување рекол „во наредните 100 години Бенфика нема да освои
ниту еден европски трофеј“. Од тој момент, Бенфика загуби дури осум европски
финалиња.