Претседателот на ПСЖ: Немаме играчи – туку воини, сакаме втора ѕвезда!

by 24 фудбал
1 минути читање

Првиот човек на ПСЖ, Насер Ал Келаифи, со големо задоволство го дочека новиот пласман на својот тим во финалето на Лигата на шампионите. „Светците“ го елиминираа Баерн Минхен во полуфиналето, а задоволството не го криеше првиот човек на клубот.

Насер Ал Келаифи по натпреварот порача дека е горд на карактерот што го покажале неговите фудбалери и истакна дека ПСЖ повторно има шампионски амбиции.

Ова е фантастично, две финалиња по ред! Ја сакаме и втората ѕвезда… Ние немаме играчи, туку воини подготвени за борба. Тоа е Пари Сен Жермен. Ова беше неверојатен натпревар за нас. Минатата сезона испишавме историја, но сакаме да продолжиме во ист ритам. Целта е повторно да го освоиме трофејот. Го имаме најдобриот тренер во светот, најдобрите навивачи кои беа феноменални. Многу сум задоволен од карактерот што мојата екипа го покажа против ривал како Баерн Минхен. Исклучително сум среќен што ќе играме второ финале по ред во Лигата на шампионите. Беше тешко, Баерн игра фудбал на највисоко ниво, двете екипи се слични…“, изјави Келаифи.

ПСЖ на 30 мај во Будимпешта ќе се бори против Арсенал за нова европска титула.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×