1,8K
Британски „Скај Спортс“
пренесува дека Манчестер Сити почнал да преговара со Лестер за трансфер на
Ријад Марез една седмица пред да истече крајниот рок во зимскиот јануарски
трансфер период.
Познато е дека шефот на
стручниот штаб на Лестер, Клод Пјуел го обвини Сити за непочитување поради тоа
што ја доставиле понудата за Алжирецот само еден или два дена пред истекот на
рокот.
„Скај Спортс“ исто така
додава дека Лестер бил подготвен да разговара за цената на својот фудбалер, а
доколку се оствареле нивните барања, тие немало воопшто да дискутираат
понатаму, но Манчестер Сити наводно бил клубот што се повлекол во преговорите.