Познати девет натпревари во 1/16 финалето, како и четири во 1/8 финале

by bojan
1 минути читање
Дембеле постигна три гола против Норвешка во убедливата победа на Франција

Се наближува крајот на групната фаза на Светското првенство, па полека се исцртува костурот за нок-аут фазата, познати се девет натпревари во 1/16 финалето, како и четири во 1/8 финалето.

На мундијалот во САД, Канада и Мексико ни остануваат уште четири натпревари од групната фаза, кои ќе дадат разврска во групите К и Л.

И како се наближува крајот на овој дел од Светското првенство, полека се исцртува костурот за нок-аут фазата.

Познати се дури девет натпревари во 1/16 финалето, кое ќе почне со пресметката помеѓу Јужна Африка и Канада во недела.

Потврдени натпревари за шеснаесетфиналето:

Јужна Африка – Канада | 28 јуни | 21:00 часот
Бразил – Јапонија | 29 јуни | 19:00 часот
Германија – Парагвај | 29 јуни | 22:30 часот
Холандија – Мароко | 30 јуни | 03:00 часот
Брег на Слоновата Коска – Норвешка | 30 јуни | 19:00 часот
Франција – Шведска | 30 јуни | 23:00 часот
САД – Босна и Херцеговина | 2 јули | 02:00 часот
Австралија – Египет | 3 јули | 20:00 часот
Аргентина – Зелено’ртски Острови | 4 јули | 00:00 часот

Исто така, познати се и потенцијални четири пресметки во 1/8 финалето, каде Германија може да има мега пресметка со Франција, а Бразил да налета на Норвешка.

Потенцијални натпревари за осминафиналето:

Јужна Африка/Канада – Холандија/Мароко | 4 јули | 19:00 часот
Германија/Парагвај – Франција/Шведска | 4 јули | 23:00 часот
Бразил/Јапонија – Брег на Слоновата Коскa/Норвешка | 5 јули | 22:00 часот
Аргентина/Зелено’ртски Острови – Австралија/Египет | 7 јули | 18:00 часот

ФОТО: X/Equipe de France

Можно е и ова да ти се допаѓа

×