Победата на ПСЖ од 5-2 против Стразбур ќе ги чини „Светците“ 180 милиони евра!

by
1 минути читање

Со денешната
победа над Стразбур, ПСЖ и математички обезбеди опстанок во најсилното
првенство на Франција, податок кој звучи смешно за сите останати освен за
Монако.

За клубот од
малото кнежевство ова значи дека ќе бидат побогати за 180 милиони евра. Како
што пренесува Радио Монте Карло, ПСЖ сега и официјално е обврзан во целост да
го откупи договорот на Килијан Мбапе.

Младиот Французин
се пресели на Паркот на Принцовите во последниот ден од летниот преоден рок, а зделката формално се
води како позајмица за ПСЖ да ги заобиколи правилата на УЕФА за Финансиски фер
плеј.

Во договорот
помеѓу двата клуба има специјална клаузула со која Монако се осигурува дека
играчот и во иднина ќе настапува во Париз, односно  ПСЖ ќе биде приморан го купи фудбалерот
за 180 милиони евра доколку обезбеди опстанок. „Светците“ денеска го сторија
тоа, па лидиерте на Монако уште вечерва можат да наздрават со шампањско.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани