Шкендија Арачиново го освои својот прв бод во ПМФЛ откако денеска на домашен терен ремизираа против Силекс со 1-1.
Во премиерниот натпревар од 2. коло во најсилното првенство на Македонија, Шкендија Арачиново и Силекс одиграа нерешено.
На стадионот во Чаир, ВАР одигра клучна улога откако судијата Игор Стојчевски во два наврати покажа на белата точка.
Најпрво по половина час игра досуди најстрога казна за домаќините, кои преку капитенот Бесир Демири поведоа со 1-0.
Во финишот на натпреварот пенал добија и гостите, кои пак преку Есмир Хасукиќ изедначија на 1-1 во 84. минута.
На крајот двете екипи мораа да се задоволат со реми, а Шкендија Арачиново се радуваше со првиот историски бод во ПМФЛ.
ФОТО: FB/ФК Силекс