Пкетино објасни зошто Меси и Мбапе не се сложувале во ПСЖ

by bojan
1 минути читање
Мбапе и Меси не се сложувале во ПСЖ поради различниот стил на игра.

Маурисио Покетино вели дека Лео Меси и Килијан Мбапе имаат сосема различни стилови на игра, па било тешко двајцата да бидат задоволни во ист тим.

Во походот по сонот да доминира и во Европа, Ал Келафи во Париз направи страшно напаѓачко трио составено од Лео Меси, Килијан Мбапе и Нејмар.

Маурисио Покетино ја имаше честа да го предводи овој ѕвезден тим на „светците“, и Аргентинецот сега проговори за проблемите со кои се соочувал.

„Меси сакаше играта да се гради од позади, трпеливо, преку додавања и комбинации, затоа што има способност да ја задржи топката и да помине покрај еден, двајца или тројца противници“ – вели актуелниот селектор на САД.

„Од друга страна, Мбапе беше сосема различен – кога ќе ја освоевме топката тој бараше простор за да тргне во длабочина. Само да му ја додадеш топката и тој да трча“.

„И тука беше проблемот, ако играш по мерка на Меси, Мбапе веднаш се жали, „Мојот квалитет е во спринтот и да го искористам просторот“. Ако игравме по мерка на Мбапе, тогаш Меси не доаѓа до израз“.

ФОТО: X/Paris Saint-Germain

Можно е и ова да ти се допаѓа

×