377
Претседателот на Ла Лига
најави дека ќе се разгледа начинот на кој Џерард Пике го прослави израмнувачкиот
гол на Барселона на локалното дерби против Еспањол.
„Ќе ја разгледаме оваа
ситуација во однос на тоа дали гестот е за казна, надлежната комисија ќе го
добие случајот и ќе оставиме на нив да ја донесат одлуката околу оваа ситуација“
рече Тебас.
„Правилата велат дека
одреден вид на прослави на погодоци кои се сметаат за провокативни, се подлежни
на казна“ додаде тој.