Барди: Ова е наш дом, тука паѓаат силни репрезентации!

by riste
1 минути читање

Капитенот на македонската фудбалска репрезентација, Енис Барди, верува дека утре може да оствариме позитивен резултат против силната селекција на Швајцарија.

Македонија утре со почеток од 20:45 часот ја пречекува Швајцарија во првото коло од новата сезона во Лигата на нации.

„Атмосферата е многу добра, среќни сме што пак сме заедно, подготвени сме да дадеме се од себе. Утре ќе го дадеме максимумот како и секогаш, очекуваме публиката да дојде во голем број, ни значат навивачите многу“, вели Барди.

„Долго време сме заедно, ние постарите ги прифаќаме младите како нас што не прифаќале Горан и останатите. Новите кои доаѓаат ќе ни дадат свежина за да бидеме подобри“.

„Ова е наш дом, ова е наша куќа, така треба да излеземе на терен. Имаме наш идентитет, да се бориме, да играме од срце и да имаме поддршка. Секој позитивен резултат го имаме остварено со поддршка на публиката. Да бидеме реални, ова ќе биде многу тежок натпревар, но јас можам да ветам дека ќе дадеме се од себе“.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×