Фенерџијата во
Премиерлигата оваа недела отпатува во Барселона на мини тренинг камп во топлата
Шпанија.
Но клубот сега се
справува со голем скандал откако четворица фудбалери биле повикани на
информативен разговор во полиција откако украле такси.
ВБА соопшти дека
е отворена интерна истрага и најави ригорозни казни за оние кои ги прекршиле
правилата.
Како што
пренесуваат медиумите, четворица играчи фатиле такси и се
упатиле кон ресторан на Мекдоналдс. Во 5:30 наутро тие се вратиле во хотелот,
но без таксистот.
Кога рецепционерката
на хотелот забележала дека такси возилото стои празно пред хотелот, веднаш
повикала полиција, а во исто време и самиот таксист го пријавил инцидентот.
Четворицата
фудбалери, за кои се вели дека биле во алкохолозирана состојба, потоа биле
повикани во полиција на информативен разговор но не биле приведени.