Пандев: Секогаш ќе му бидам благодарен на Лацио, но…

by
1 минути читање

Лацио беше најважниот клуб на Горан Пандев во кариерата, таму помина пет години и се промовираше на големата фудбалска сцена. Но не се раздели најдобро со римскиот клуб, па со голема радост ги прославува головите против нив. Доби и свирежи од навивачите на Лацио.

„Свирежите? Секогаш ќе му бидам благодарен на Лацио, созреав таму и секогаш го давав најдоброто за тој дрес. Но сега сум во Џенова и сакам да дадам допринос за овој клуб“, изјави Пандев.

„Имавме одличен натпревар на Олимпико, дадовме се од себе и заслуживме да победиме. Бевме добро подготвени и освоивме три многу важни бодови“.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани