68
Иако најголем дел од кариерата помина во Лацио, Горан Пандев немаше најдобра разделба со овој клуб кој му правеше проблеми при трансферот во Интер. Македонецот тоа не го заборави и кога го постигна голот на Олимпико неговата радост беше преголема.
Пандев не се задржа многу долго во Интер, но најубавите спомени од кариерата ги има со нероазурите. Македонецот беше дел од историската тројна круна на овој клуб под водство на Мурињо. Вечерва Пандев постигна гол и против Интер, но одби да го прослави, неговите соиграчи многу повеќе се радуваа од него.